Според извештаите во Англија, Челси се насочиле кон Весли Фофана во нивните тековни обиди да потпишат уште еден централен бек пред крајот на преодниот рок. Дефанзивецот на Лестер е еден од најстабилните изведувачи во тимот на „лисиците“ и токму тоа го привлече интересот на „сините“. Тие дури веќе ја дале првата понуда за играчот, но таа била одбиена од раководството на шампионите во 2016 година.
Лестер е во силна позиција да преговара за 21-годишниот дефанзивец бидејќи тој има договор до летото 2027 година. Фофана се проценува на околу 40 милиони фунти, но Лестер ќе бара многу поголема сума за да се согласи да го пушти на Стемфорд Бриџ.
Челси веќе пропушти некои од своите трансфер цели за срцето на одбраната во Жил Кунде, кој се пресели во Барселона и Нејтан Аке, кој ќе остане во Манчестер Сити, но успеаја да го ангажираат Калиду Кулибали од Наполи.