Си Џипинг нареди да се подготви армијата за “новата ера”

од Берта Китинска
303 прегледи

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека Кина ќе ја зајакне борбената способност на вооружените сили со обука на персонал кој е подготвен да одговори на барањата на „новата ера“.

Тој оцени дека тоа е „клучен фактор за зајакнување на трупите“, пренесе руската агенција РИА Новости.

„Кадровската стратегија е од големо значење за постигнување на целта на Комунистичката партија за трансформација на кинеската армија во вооружени сили од светска класа“, нагласи Си Џинпинг на дводневниот партиски состанок во Пекинг.

Светот влезе во ера на превирања и нестабилност, рече кинескиот претседател и посочи дека Пекинг треба да ги земе предвид овие промени при обликувањето на моделот за национална безбедност.

Агенцијата наведува дека пред два дена во телефонски разговор со претседателот на САД, Џозеф Бајден, „Џинпинг го предупредил американскиот лидер за опасноста од мешање на странски сили во прашањето на Тајван, велејќи дека „оној што си игра со огнот сигурно ќе изгори’“.

Изјавата доаѓа пред турнејата на претседателката на американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси, низ Јапонија, Јужна Кореја, Малезија и Сингапур и шпекулациите дека таа може да го посети и Тајван, на што Кина силно се противи.

Слични содржини