Првиот случај на мајмунски сипаници регистриран во Црна Гора

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Во Црна Гора е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај црногорски државјанин кој е во добра општа состојба, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Лабораторијата на Одделението за молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, во соработка со Институтот за вирусологија ги откри, а во соработка со Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ го потврдија првиот случај на мајмунска сипаница“, соопштија од ИЈЗ.

Се наведува дека се преземени сите неопходни мерки кон пациентот и неговите контакти, со цел спречување и сузбивање на ширењето на болеста.

Така, Црна Гора е вклучена во списокот од 79 земји каде што се регистрирани мајмунски сипаници.

Слични содржини