Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го пофали Дарвин Нуњез откако напаѓачот изработи пенал и постигна гол на своето деби. Ова се случи на натпреварот од „Комјунити Шилд“, кој тимот од Мерсисајд го добија со 3:1 против Манчестер Сити.
Уругваецот влезе како замена, но добро се снајде и имаше голем придонес за победата.
„Придонесот на Нуњез беше добар, многу добар. Очигледно тој ќе станува подобар со текот на времето. Живееме во свет во кој сите пребрзо судат играчи. Тоа не е добро за никого, но тоа се случува постојано“, изјави Клоп.
„Во првите неколку натпревари бевме далеку од нивото на кондиција на кое бевме денес. Кога влезе Нуњез, му додававме за да ја брка секоја топка, а по третата тој беше исцрпен. Тогаш луѓето ги судеа неговите први допири и слични работи. Тоа е лудо, но мора да живееме со тоа. Тој заврши одлична работа. Бевме трпеливи, знаеме на што е способен“, додаде Германецот.
„Знаеме дека напаѓачите се посебна сорта. На сите им треба нешто позитивно. За нив тоа значи голови или учество во гол. Мислам дека Дарвин ќе беше во ред без да го постигне третиот гол, бидејќи по неговиот удар со глава отиде на белата точка. При неговата претходна можност, одлично се снајде, но Едерсон реагираше брилијантно. Голот беше шлаг на тортата, навистина сум задоволен од него. На неговото лице и на соиграчите можеше да се види колку момците се среќни за него, што е добар знак“, изјави Клоп.