Вучиќ: Приштина им наметнува на луѓето од северот на Косово работи на кои нема право

од Vladimir Zorba
187 прегледи

И покрај потпишаните договори, владата од Приштина наметнува работи на кои нема право, пред се на народот на северот на Косово, порача претседателот на Србија Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста.

„Ситуацијата за нашиот народ на Косово и Метохија е многу комплицирана и сложена“, изјави Вучиќ, кој, како што рече, смета дека Србија никогаш не била во посложена ситуација од денес.

„Тие донесоа одлука да наметнат работи на кои немаат право, пред се на луѓето на северот на Косово. Своите единици со 21 тон гориво ги испратија на административните премини Јариње и Брњак, со желба да ги запрат сите што имаат српски лични карти. Тоа треба да почне вечерва на полноќ“, нагласи Вучиќ.

Според него, Албанците се повикуваат на Договорот за слобода на движење, точка три, од 2011 година, според кој двете земји можат да изберат кои документи ќе ги користат граѓаните на трети земји за да ја преминат административната граница.

„Некои би рекле дека не треба да биде проблем. Албанците се обединети и се повикуваат на договорот потпишан од Борко Стефановиќ и Едита Тахири, иако од договорот недвосмислено е јасно дека забраната не се однесува на Србите од северот на Косово, туку на оние кои транзитираат“, велат од претседател на Србија.

Токму поради оваа причина, вели Вучиќ, договорот не треба да важи за граѓаните од северот на Косово.

„Следниот проблем се однесува на регистарските табелички“, вели Вучиќ. Според него, Србија ја прифаќа важноста на регистарските таблички на КС, но „Приштина денеска сака да каже дека веќе нема таблички КС, бидејќи велат дека се суверена држава и затоа ги поништуваат табличките КС. Можете да имате само таблички RKS, и не можеме да дозволиме таблички KM“.

„Мојата молба денес е до сите да се обидат да го зачуваат мирот по секоја цена“, рече Вучиќ и побара од Албанците да се вразумат, а Србите од Косово да не наседнуваат на провокации.

Слични содржини