Почина легендата на Бостон Селтикс, Бил Расел

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Бил Расел, играчот со најмногу титули во историјата на Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада (НБА), почина на 88-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

„Сопругата на Бил, Џенин, неговото семејство и неговите многубројни пријатели ви благодарат што се молевте за Бил. Можеби повторно ќе доживеете еден или два од златните моменти што ни ги подари или ќе се сетите на неговата неповторлива смеа додека воодушевено ја објаснуваше вистинската приказна зад тие моменти“, се вели во соопштението на неговото семејство.

Легендата на Бостон Селтикс има 11 шампионски прстени како играч, а при последните два е главен тренер на Бостон Селтикс. Тој е првиот црнокож тренер во историјата на НБА.

Расел е петкратен МВП, двократен колеџ шампион, олимписки шампион со тимот на САД и член на Куќа на славните.

Во наредните денови ќе бидат објавени информации за погребот на легендарниот кошаркар, соопшти неговото семејство.