Манчестер Јунајтед се откажа од намерата да го ангажира крилото на Ајакс, Ентони.
Според Sky Sports, причина за тоа е превисоката трансферна сума која холандскиот клуб му ја одреди на Бразилецот. Пред неколку дена излезе информација дека Ајакс дури и ја зголемил цената на Ентони за кого веќе бараат 100 милиони евра.
Така, клубот, кој не е под притисок да продаде уште една ѕвезда во тековниот преоден рок, се обидува да ги одврати аспирациите на Ерик Тен Хаг за еден од неговите поранешни играчи.
Според „Sky“, Јунајтед веќе се насочува кон други играчи за да го засили нападот, а интересот за Ентони може да се обнови само доколку Бразилецот поднесе барање за трансфер и тоа драстично ја промени ситуацијата околу него. Инаку, Ентони има договор со Ајакс на уште три сезони.
Наместо Бразилецот, Јунајтед ќе се обиде да го земе талентот на РБ Салцбург, Бенџамин Шешко. Сепак, 19-годишниот словенечки интернационалец има договор на уште четири години со австрискиот клуб, кој високо го цени и исто така нема намера да го продаде ова лето.