Во врска со неколку објави на медиуми под наслов ,,Во обвинителство се води предистрага за можна измама со фиктивна наплата на ДДВ „вредна“ над 90 милиони евра,, преземена од порталот МКД.МК , информираме дека станува збор за вест која Управата за јавни приходи ја објави и прати до медиумите на 12 мај 2022 година, соопштија од Управата за јавни приходи (УЈП).
Според нив, тогаш е посочено дека не станува збор за афера на УЈП, туку дека станува збор за утврдено незаконско работење сторено од даночни обврзници кои УЈП ги детектираше уште во јули 2021 година.
-Како одговорна и вископрофесионална институција во соработка со останатите надлежни органи, УЈП ги презема сите активности за заштита на Буџетот на РСМ. На ден 26.07.2021 година, информирани се надлежните институции за случувањата и мерките по што се преземаа и други дејства, а целокупната документација од страна на УЈП уште веднаш е предадена на надлежните институции. Апелираме, да не се шпекулира со непотврдени информации и бројки затоа што во тек е постапка пред надлежни институции и секоја шпекулација може да нанесе штетни последици на целиот процес, стои во соопштението од УЈП.