Баздникин: Решението за северно Косово треба да се бара според Резолуцијата 1244

од Nikola Popovski
172 прегледи

Решението на ситуацијата на северот на Косово треба да се бара во рамките на резолуцијата 1244 на ОН, изјави рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин.

Тој пред новинарите во Прилеп изјави дека Русија е една од земјите што ја усвоиле резолуцијата 1244 на ОН за Косово и дека е убедена дека решението треба да се бара во таа резолуција.

Секој обид да се најде решение преку насилни дејствија никогаш не води кон добро“, рече Баздникин, а пренесе агенцијата МИА.

„Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина“

На прашањето дали наскоро може да се постигне мир во Украина, Баздникин рече дека Русија е подготвена да ги продолжи разговорите и преговорите кои беа прекинати во Истанбул.

„Отворени сме за воспоставување мир во Украина и тоа е веќе долго време. Во март почнавме разговори во Истанбул, тие беа прекинати од украинската страна, веруваме и знаеме дека тоа беше на барање на нивните западни ментори. Подготвени сме тие разговори да продолжат што е можно поскоро. Но, треба да се знае дека колку подолго ќе продолжат воените операции, толку потешко ќе се дојде до решение, но решението секогаш ќе се бара во преговори“, одговори Баздникин.

Рускиот амбасадор денеска на германските гробишта во Прилеп положи цвеќе на гробовите на загинатите руски војници во Првата светска војна.

Слични содржини