Путин: Нема победник во нуклеарна војна

од Nikola Popovski
160 прегледи

Во НУКЛЕАРНА војна не може да има победник и затоа не треба да се започне, се вели во писмото на претседателот на Русија, Владимир Путин, кое беше прочитано на конференцијата за неширење на нуклеарното оружје.

– Како земја потписничка на Договорот за неширење на нуклеарно оружје, Русија и еден од нејзините гаранти доследно ги исполнуваат сите точки од Договорот. Нашите обврски од билатералните договори со Соединетите Американски Држави за намалување и ограничување на релевантното оружје, исто така, се целосно исполнети. Поаѓаме од фактот дека не може да има победник во нуклеарна војна и дека никогаш не смее да започне. Ние се залагаме за еднаква и неделива безбедност за сите членови на меѓународната заедница, навел рускиот лидер.

Според него, обврските од Договорот за неширење нуклеарно оружје се во интерес и на нуклеарните и на ненуклеарните држави.