Блинкен: Нуклеарно оружје само во исклучителни околности

од Nikola Popovski
182 прегледи

САД би ја разгледале можноста да го користат својот нуклеарен арсенал само во исклучителни околности, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Сè додека постои нуклеарно оружје, основната улога на американското нуклеарно оружје ќе биде да ги одврати нуклеарните напади врз САД или нивните сојузници и партнери, рече Блинкен во седиштето на ОН во Њујорк на конференцијата за преглед на потписниците на Договорот за неширење на нуклеарно оружје, објави ТАС С.

„САД би размислиле за користење нуклеарно оружје само во исклучителни околности за да ги заштитат виталните интереси на САД и нивните сојузници и партнери“, рече Блинкен.

Тој рече дека враќањето на нуклеарниот договор од 2015 година останува најдобриот исход за САД, Иран и светот, објави Ројтерс.

Блинкен го повтори американското предупредување дека Северна Кореја се подготвува да го изврши седмиот нуклеарен тест.

Американскиот претседател Џозеф Бајден претходно изјави дека Вашингтон е подготвен да претстави нов договор за нуклеарно оружје со Русија и ја повика Москва да ја покаже својата способност да преговара со добра волја.

Слични содржини