„Како да остана во втор план проблемот со отпочнување на претпристапните преговори со Македонија. Од друга страна, Бугарија во моментов не презема многу чекори. Работите сега се во ЕК, која ќе води преговори со РС Македонија“.
Ова во интервју за БНР го изјави проф. Михаил Иванов, предавач на Новиот бугарски универзитет, советник за етнички прашања на претседателот Жељу Желев (1990-1997), ко-основач на Клубот за бугарско-македонско пријателство.
„Барањето на нашата земја за вклучување на Бугарите во македонскиот устав, Иванов го нарече „непромислено инсистирање“.
„Ова вклучување во преамбулата, заедно со македонскиот народ како посебна етничка заедница – во преамбулата се зборува за Албанците, Србите, Турците, Бошњаците како и другите етнички заедници. Не случајно на ова се спротивставува авторитативната организација на Бугарите во Македонија во Скопје и инсистира тоа да отпадне. Јас се чудам на нашите националисти кои се гласни дека нема разлика меѓу Бугарите и Македонците и во исто време сакаат да воспостават јасна уставна разделба, етничка разделба меѓу Македонците и Бугарите“.
Прашан дали е можно официјалниот кабинет да пристапи кон ревизија на одлуката за отворање на европската перспектива за Скопје, во програмата „Пред се“ на БНР, Михаил Иванов изјави:
„Мислам дека не може. Мислам дека нема. Во моментов не се преземаат чекори од бугарската страна“.