Кина: Жестоко ќе возвратиме доколку Пелоси го посети Тајван

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска потврди дека Пекинг жестоко ќе возврати доколку претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси го посети Тајван.

„Кина ќе преземе решителни мерки за заштита на националниот суверенитет и територијален интегритет доколку претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси го посети Тајван“, изјави на брифинг портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг.

Таа рече дека Пекинг внимателно ја следи рутата на Пелоси, која е на турнеја низ Азија, пренесе РИА Новости.

Додаде дека Кина и Соединетите Држави се во близок контакт на сите нивоа и преку различни канали, и дека Кина постојано им ставала до знаење на САД дека силно се противат на посетата на Пелоси на Тајван.

„Се надеваме дека американските власти ја разбираат важноста и чувствителноста на ова прашање, како и ризиците поврзани со него“, додаде Хуа.

Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Пелоси денеска треба да пристигне во Тајван.

Можноста за посета на Пелоси ги зголеми тензиите во Тајванскиот теснец, бидејќи Кина го смета Тајван за дел од својата територија.

Слични содржини