Груби: Битката за слобода и еднаквост ја издвоивме, ни претстои битката за иднината

од Vladimir Zorba
130 прегледи

„Нашите предци се бореа за слобода и успеаја пред 119 години во Крушево, обединети околу идеалот за слобода и еднаквост”, порача првиот потпретседател на Владата на Република Северна Македонија, Артан Груби во честитката по повод празникот, Илинден.

И денес ги имаме истите идеали, збогатени со интеграцијата како следна битка за да ја заокружиме Републиката со сите свои атрибути. Ние сме на вистинскиот пат, во правата насока, онаа на европската и евроатлантската припадност, градење и почитување на еднаквоста меѓу нас. Пред 119 години водевме битката за слобода, вчера ја водевме битката за еднаквост, денес водиме битка за иднината и на наша страна ги имаме сите проевропски и проевро-американски домашни сили кои сакаат интеграција во Европската Унија и напредок. Среќен нека ни е Илинден.“ стои во честитката по повод Илинден на Груби.

Слични содржини