Јунајтед ја следи ситуацијата со Фабијан Руиз

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Наполи, Фабијан Руиз. 26-годишниот Шпанец е назначен од менаџерот Ерик тен Хаг како алтернатива на Френки де Јонг доколку разговорите за Холанѓанецот не постигнат позитивен заклучок, пренесува трансфер гуруто Фабрицио Романо.

Договорот на Руиз со Наполи истекува за една година, но преговорите за негово обновување моментално се тешки. Двете страни имаа уште една средба во текот на викендот, но таа не доведе до позитивен исход.

Токму поради тоа газдите на Јунајтед будно ја следат ситуацијата и се подготвени за понуда за овој играч. На „Олд Трафорд“ се надеваат дека ќе успеат да го „поевтинат“ токму поради договорот што му истекува, откако се подготвени да понудат 30 милиони евра за неговите права, иако неговата цена на пазарот е околу 55 милиони евра.

Руиз беше донесен во Наполи од Бетис во 2018 година за 30 милиони евра. Брзо се наметна како важен играч во клубот и досега има 166 настапи, 22 гола и 15 асистенции за наполитанците.

Плејмејкерот е и шпански репрезентативец со 15 настапи и 1 гол досега.