279
Познатиот пејач Петар Грашо бил хоспитализиран, ова го потврди неговата менаџерка Мартина Подгорски.
Грашо неодамна стана татко на малото девојче Алба, а освен тоа има постојани настапи и не мирува. Ова предизвика пад на имунитетот на пејачот и тој примил инфузија.
Неговата менаџерка го потврди ова и додаде дека сега е добро, односно се работи за замор.
„Примал витаминска инјекција. Не станува збор за некои посериозни ситуации и болница“, изјави таа за „Story.hr“ и додаде дека ќерката и сопругата се добро.