Марин Ле Пен: Санкциите против Русија повеќе ѝ штетат на ЕУ отколку на Москва

од Stefanija Kuzmanovska
244 прегледи

Санкциите на Европската унија против Русија ѝ штетат на Европа повеќе отколку на Москва, изјави денеска на прес-конференција во Париз лидерката на крајната француска десница, Марин Ле Пен.

„Овие санкции само направија луѓето во земјите на ЕУ да страдаат. Тоа е неуспех на политиката на санкции. Реалноста е дека ние сме поголеми жртви на санкции од Русија“, рече Ле Пен, пренесе ТАСС.

„Спротивно на тврдењата на европските влади, руската економија не е на колена. Москва продава повеќе гас, по повисоки цени отколку пред санкциите. Русија најде други трговски партнери“, истакнува таа.