189
Првиот брод што вчера исплови од Одеса со украинско жито за светскиот пазар е забележан денеска во водите на Црното Море во близина на брегот на Турција, потврди извор на „Ројтерс“ пред инспекцијата на бродот закажана за среда наутро.
Бродот „Разони“, кој плови под знамето на Сиера Леоне, вчера го напушти украинското пристаниште Одеса, а турското Министерство за одбрана соопшти дека се очекува вечерва околу 21 часот да стигне до влезот во Истанбулскиот теснец.
Турското Министерство за одбрана соопшти дека се очекува бродот да пристигне на влезот во Истанбулскиот теснец вечерва околу 21 часот.