Раководството на Рома постигна договор за трансфер на холандскиот интернационалец Жоржињо Вајналдум од Пари Сен Жермен, објавија италијанските медиуми. Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул пристигнува во Вечниот град како позајмен со опција за откуп следното лето за 10 милиони евра.
Досега договорот беше одложен бидејќи двата клуба преговараа кој колкав дел од платата треба да му исплати во претстојната кампања, но тоа прашање сега е решено.
Одделно, самиот Вајналдум се согласи да намали некои од неговите финансиски барања.
При ваков епилог на настаните, ПСЖ сега ќе се обиде да го ангажира Ренато Санчез од Лил.