307
Колач со вишни и мелени бадеми за кој се потребни помалку од 30 минути.
Состојки:
– 4 јајца
– 100 гр шеќер
– 100 гр мелени бадеми
– 100 гр брашно
– 50 гр мек путер
– 100 гр кисела павлака
– 300 гр вишни
– шеќер во прав за посипување
Подготовка:
Подгответе кружен калап премачкан со масло.
Измешајте ги јајцата и шеќерот додека не станат кремасти, па додадете ги павлаката, брашното и сите останати суви состојки.
Мешајте додека се добро да се соедини.
Тестото префрлете го во калапот, па наредете ги вишните и печете го колачот на 190 степени околу 25 минути.
Пред сервирање посипете со шеќер во прав.