Кој води во трката за нов лидер на британската влада?

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

Во трката за нов лидер на владејачката Конзервативна партија и следен премиер на Велика Британија, според последната анкета, шефицата на дипломатијата Лиз Трас ја задржа предноста пред поранешниот министер за финансии Риши Сунак, но изборите се повеќе неизвесно отколку што се мислеше, според оценката на светските медиуми што ја пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).

Анкетата на членовите на Конзервативната партија покажа дека Трас, која е фаворит за наследник на британскиот премиер Борис Џонсон, има помала предност во однос на Сунак од претходно, наведува „Ројтерс“.

Трас има поддршка од 48 отсто од членовите на Конзервативната партија, додека поранешниот министер за финансии има 43 отсто во анкетата спроведена од италијанската компанија „Техне“ меѓу 807 лица од 19 до 27 јули.

Тоа, како што истакнува „Ројтерс“, укажува на многу потесна трка во споредба со претходната анкета меѓу членовите на Конзервативната партија.

Сунак и Трас се натпреваруваат за гласовите на ториевците за да го изберат следниот лидер на конзервативците и нов премиер.

Слични содржини