Ковачки: Одбраната на Уставот не смее да падне

од Nikola Popovski
181 прегледи

Го искинавме предлогот и тој за нас е непостоечки, посебно делот на историјата, каде сите историски јунаци на Македонија се бугаризираат, обвини денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Тој истакна дека не признава преговарачка рамка, во која „македонскиот народ ќе биде понижен“.

Според него за предлогот за референдумско изјаснување, треба да се „слушне претседателот Пендаровски пред неколку дена што говорел и што говори сега“.

-Референдумското прашање излезе од него. Тој го менува ставот, Владата го искарала и сега затоа ретерира. Што се однесува до референдумот, се уште траат консултациите околу како ќе изгледа прашањето со експерти и професори. Пендаровски и Ковачевски најпрво ја фрлија вината на ЕУ, а потоа на ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека ако Пендаровски е вистински претседател на државата, треба да повика на референдумско изјаснување, објасни Ковачки во емисијата „Жешко политичко лето“.

Пратеникот додава дека нивната цел е како партија да се подобри преговарачката рамка.

-Околу внесувањето на Бугарите во Уставот и уставните промени, кажавме дека нема промена на Устав по бугарски диктат. Ќе опстоиме околу тоа и апсолутно во ВМРО-ДПМНЕ има кохезија. Опстојуваме на ставот, одбраната на Уставот е последна одбрана и таа не смее да падне. Не сме за поделби и да ги делиме граѓаните, но она што се случува од Бугарија е крајно некоректно кон нас. Доколку сака некој промена на Устав, ајде кога ќе влегуваме во ЕУ на свечената седница во Собранието кога ќе се отвори Уставот, тогаш да се направат сите оние уставни измени, кои што ги налагаат современите текови, потенцира Ковачки.

Слични содржини