Летонија се подготвува за конфликт со Русија

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Балтичката земја на границата со Русија, Летонија, која има 1,9 милиони жители, стравува дека Москва ќе ѝ се одмазди за одлуката да ги отстрани спомениците од времето на Советскиот Сојуз, а некои стравуваат и од инвазија.

Летонскиот парламент на 12 мај усвои одлука за отстранување на спомениците, вклучувајќи го и гигантскиот во главниот град Рига. Отстранувањето може да се изврши наесен.

Обид за одмазда

– Веруваме дека Русија ќе се обиде на некој начин да се одмазди – вели лице од канцеларијата на Европската комисија во Рига под услов да остане анонимно.

Пред пет месеци Русија ја започна својата инвазија на Украина, исто така поранешна членка на Советскиот Сојуз, па Летонија стравува од вооружен конфликт и на нејзина територија.

– Можеби некако ќе нападнат латвиски објекти, стоки, ќе хакираат веб-страници или ќе возвратат на некој друг начин – рече тој за „Хина“.

За разлика од Украина, Летонија е членка на воената алијанса на НАТО предводена од Соединетите држави, така што потенцијалниот напад врз неа ќе ги обврзе другите членки да интервенираат.

Слични содржини