Се поставува нова атмосферска канализација на крак од улицата „Никола Тримпаре“

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Општина Центар започна со поставување на нова атмосферска канализација на крак од улицата „Никола Тримпаре“, кој минува веднаш до матичниот објект на градинката „13 Ноември“.

Овој зафат се изведува на барање на граѓаните кои живеат во околните згради, кои повеќе пати се жалеа до општината. На овој потег поради старата и дотраена атмосферска канализација после секој обилен дожд се собира вода и се отежнува движењето.

Активностите опфаќаат поставување на нова атмосферска канализација во вкупна должина од 40 метри и нови сливници за полесно справување со отпадните атмосферски води.

Реконструкцијата на кракот од „Никола Тримпаре“ ќе биде завршена идната недела, во моментов, Општина Центар ги реконструира улиците „Петар Поп Арсов“ и „Козара“, а наредни за реконструкција се улиците „Рајко Жинзифов“, „Адвокатска улица“ и пробивањето на улицата „Партизанска“.