Најчевска: Дете, сопружник, татко или мајка на актуелен политичар не смее да биде член на управен или надзорен одбор

од Vladimir Zorba
286 прегледи

„Детето, сопружникот, таткото или мајката на ниту еден актуелен политичар не смее да биде член на управен или надзорен одбор. Тоа е највисок облик на корупција и конфликт на интерси“, пишува професорката Мирјана Најчевска на својот Твитер профил.

Реакцијата доаѓа откако Бесијана Џафери Беќири, ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери е избрана во Надзорниот одбор на компанијата за снабдување со топлинска енергија, едно од трите новофирирани друштва регистрирани деновиве со кои државните електрани ќе конкурираат за обезбедување парно греење за Скопје.

ЕСМ беше задолжена од владата да формира три друштва за производство, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија со цел да учествува на јавниот оглас за преземање на парното од БЕГ, на која Регулаторната комисија за енергетига ѝ ги одзеде лиценците.

Во надзорните одбори се назначени: едно стручно лице од областа на енергетиката и топлинското снабдување, еден правник и еден економист. Од компанијата појаснуваат дека сите лица се вработени во АД ЕСМ со редовни работни задачи, додека обврските во новите друштва им се доделени како дополнителна работна обврска.

Слични содржини