281
Навивачите на тетовска Шкендија, популарните „Балисти“ развиориле контроверзен транспарент на гостувањето во Шведска.
Од првата минута од натпреварот од 3. коло од квалификациите за Конференциската лига против АИК, тие го истакнале натписот „Косово е Албанија“.
Пораката можеше јасно да се види веќе во 25-тата секунда од натпреварот кога Шкендија поведе со голот на капитенот Ферсан Хасани и откако сите играчи истрчаа директно кон навивачите за да го прослават голот.
Натпреварот меѓу АИК и Шкендија заврши со резултат 1:1. Реваншот е за седум дена на арената „Тоше Проески“ во Скопје.