Вајналдум ги помина лекарските прегледи во Рома

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Новото засилување на Рома, Жоржињо Вајналдум денеска беше на медицински преглед на клиника во Рим. 31-годишниот Холанѓанец вчера пристигна на аеродромот Чампино и беше пречекан од стотици ентузијастички поддржувачи на „Волците“.

Вајналдум ќе игра за Рома како позајмен од Пари Сен Жермен на една сезона со опција за откуп во износ од 8 милиони евра. Рома ќе преземе половина од платата на играчот која изнесува 10 милиони евра. ПСЖ ќе го плати остатокот.

Во наредните денови Рома се очекува да привлече уште еден нов играч – поранешниот голгетер на Торино и италијански репрезентативец Андреа Белоти.