Костадиновска Стојчевска: Уметниците слободно нека творат, се додека јас сум министерка нема да има цензура

од Nikola Popovski
218 прегледи

Цензурата е одлик на минати општества или минати власти и неа не и е местото во 21век, во земја кандидат за полноправно членство во ЕУ. Цензурата е феномен кој се коси со демократијата и слободата на говор во која денес и тоа како уживаме! Токму затоа, мојата изјава започнува со зборовите „Слободно нека творат!“, се огласи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по реакциите во јавноста за нејзината изјава во интервју за „Гласот на Америка“.

Таа порача дека се додека е министерка, нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура.

-Исто така, сакам да сум апсолутно јасна, додека сум јас министерка, нема да има простор да се ограничува или насочува кој било уметник на кој било начин, тоа е против сите мои лични и пред сѐ професионални уверувања. Доколку изјавата која денес е цел на “слободни” толкувања, повредила чувства, порив, мотив и обиди за творење, жал ми е. Намерата апсолутно не е да се насочува или ограничува, напротив, мојата интенција секогаш била и ќе биде поддршка на слободната мисла и изразување, појаснува Костадиновска Стојчевска.

Министерката во своето обраќање додаде:

-Слободата на уметникот е огромна. Таа е неприкосновена. Таа слобода НИКОЈ не може да ја ограничи. И тука, никој не треба да има дилеми, децидна е Костадиновска-Стојчевска.

Слични содржини