Почина актерот Митко Апостоловски

од Nikola Popovski
404 прегледи

На 67-годишна возраст почина истакнатиот македонски актер Митко Апостоловски. Веста за неговата смрт ја пренесе неговиот колега од областа на актерството Петар Горко.

-Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот, напиша Горко.

Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955 година. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995).

Апостоловски во 1979 година беше дел од ТВ сериите “Наши години“, “Илинден“, “Белото циганче“, “Тврдокорни“…

Бил глумец во филмовите “Бог да ги убие шпионите“, “Заборавени“, “Големата вода“, “Трето полувреме“, “До балчак“, “Последниот македонец“ и други.

Кај младата публика ќе остане во сеќавање по одлично одиграните улоги во ТВ сериите “Македонски народни приказни“ и “Народни приказни“.