Помал авион принудно слета на автопатот кај Брежје во правец кон Јесеница во Словенија.
Според полицијата во Крањ, во авионот имало две лица, кои не се повредени. Оттаму додаваат дека е обезбеден делот од патот каде што е извршено принудното слетување.
Според Словенечката служба за безбедност и спасување, околу 14 часот и 30 минути добиле дојава дека авионот принудно слетал на автопатот. Според извештаите, авионот при слетувањето удрил во банкина и се превртел.
Луѓето кои биле во авионот успеале сами да излезат од него, пренесува „N1“.