Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во 5 часот и 40 минути на автопатот А4 во правец кон Загреб (меѓу Јарек Бишашки и Подворец) загинаа најмалку 12 лица, а повеќе од 25 се тешко повредени.
Според последните информации, интервенцијата за гаснење е завршена, а на терен се уште се дежурни пожарникари, изјави началникот на жупаниската пожарна.
Што се однесува до повредените, тој рече дека биле пренесени со брза помош, а не знаел колку се сериозни нивните повреди.
Повредените се пренесени во болниците во Загреб и Вараждин.
За потсетување, несреќата се случи меѓу Јарек Бишашки и Подворец, пренесe „Вечерњи лист“.
Се работи за автобус со полски регистрации. Засега нема официјални информации за причините за оваа несреќа, ниту за околностите во кои се случила, но неофицијално се тврди дека возачот најверојатно заспал на воланот.
Полицијата е на местото на настанот и врши увид, а на локацијата се повикани екипи на итната помош и пожарникари кои помагаат во извлекувањето на повредените.