Состанок на Советот за безбедност на ОН поради конфликтот во Појасот Газа

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Утре Советот за безбедност на ОН треба да се состане на вонредна седница во врска со ескалацијата на конфликтот во Појасот Газа, дознава ТАСС од извор во тоа тело.

– Советот за безбедност на ОН утре ќе се состане за да разговара за актуелната ситуација во Појасот Газа – изјави неименуван извор и наведе дека иницијативата ситуацијата во Појасот Газа да се стави на дневен ред на вонредната седница дошла од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Кина, Франција, Ирска и Норвешка.

Прес-службата на израелската армија соопшти дека во рамките на операцијата со кодно име „Зора“ се започнати офанзивни акции против цели поврзани со групата „Исламски џихад“ во Појасот Газа.

Според проценките на израелската армија, во првата серија воздушни напади биле елиминирани „околу 15 екстремисти“, меѓу кои и командантот на бригадата Ал Кудс (Ерусалимска бригада), која е вооружено крило на палестински Исламски џихад.

За време на втората фаза од специјалната операција на израелската армија беа погодени шест воени цели на Исламски џихад, вклучително и некои батерии за ракетни фрлачи распоредени во Појасот Газа.

Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа се искачи на 24, додека 203 лица се повредени, објави синоќа каналот Sky News Arabia, повикувајќи се на Министерството за здравство на Газа.

Слични содржини