Шефот на мисијата на ЕУ во Косово: Нападите врз полицијата мора да престанат, ќе ги зголемиме патролите

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Шефот на ЕУЛЕКС, мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово, Ларс-Гунар Вигемарк реагираше на нападите со огнено оружје врз косовската полиција. Нападот се случи на езерото Газивода, а Вигемарк вели дека овие напади мора да престанат.

„Пукањето во езерото Газиводa е и напад со огнено оружје врз косовската полиција. Никој не е повреден, но овие напади не само што се опасни туку и криминални и мора веднаш да прекинат. ЕУЛЕКС ќе ги зголеми своите патроли во областа“, напиша Вигемарк.

За нападот се огласи и косовскиот премиер Албин Курти.

„Ова е втор пат за помалку од една недела косовската полиција да биде нападната од криминални групи на северот на нашата земја“, напиша Курти на Фејсбук и додаде дека ќе следи истрага за овој инцидент.

Вчера околу 11:25 часот полицијата била нападната со огнено оружје додека поставувала патролен чамец во езерото Газивода во градот Зубин Поток.

Слични содржини