Американска оскаровка го посети Зеленски: „Светот ќе ја слушне вистината“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
256 прегледи

Од крајот на февруари, кога започна војната во Украина, претседателот на Украина, Владимир Зеленски, беше поддржан од луѓе ширум светот, а неодамна го посети и оскаровката Џесика Честејн.

Џесика го посети Зеленски во Украина, а по тој повод украинскиот претседател сподели неколку заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Актерката пристигна во Украина со воз, а на главната железничка станица во Киев ја пречека официјална украинска делегација.

За време на средбата, Зеленски ѝ се заблагодари на актерката за нејзината посета и за пофалбата кога таа кажа дека народот на Украина е „многу храбар и силен“.

„За нас ваквите гостувања на познати луѓе се исклучително вредни. Благодарение на ова светот уште повеќе ќе ја слушне, знае и разбере вистината за она што се случува кај нас“, напиша тој.

Во оваа прилика актерката ќе ја посети детската болница Охматдит, како и градот Ирпин, кој претрпе големи штети уште во февруари, пренесуваат локалните медиуми.

Слични содржини