212
Во тешката сообраќајка што рано утрово во 06.35 часот се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар загина едно лице, додека друго е тешко повредено.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски соопшти дека сообраќајна несреќа се случила помеѓу товарно возило „Mан”, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи”, со скопски регистарски ознаки.
На местото на несреќата починал возачот на возилото „хјундаи“, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје, информираат од МВР.