По најновите информации за трансфер сагата во Формула 1, во која се вмешани Оскар Пјастри, Даниел Рикардо, Алпин и Мекларен, аналитичарите се убедени дека трансферот на Пјастри во тимот на Зак Браун е сигурен. Но, тимот од Вокинг не брза да го потврди доаѓањето на резервниот возач на Алпин како стартер за следната година. Ако се случи, претпоследното парче од сложувалката на пазарот за пилоти во светскиот шампионат ќе биде средена.
Според магазинот Racer, причината за доцнењето во Мекларен е тоа што тимот чека Даниел Рикардо да најде нов тим. А според други извори, Рикардо има рок до септември, поточно до крајот на летната пауза, да најде таков. Австралиецот има договор со Мекларен до крајот на 2023 година и тимот нема опција да го пушти порано, што значи дека разделбата на Зак Браун со Даниел дефинитивно ќе го чини.
Големи се шансите Рикардо да се врати во Алпин, а Отмар Шафнауер веќе потврди дека таква опција е можна. Главни кандидати за Австралиецот се Вилијамс и Хас, кои сепак се на дното на табелата.