236
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека не е загрижен за Тајван, туку дека е загрижен за кинеските активности во тој азиски регион, откако во Тајван престојуваше претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси.
„Загрижен сум што тие се движат колку што се движат. Но, не верувам дека ќе направат нешто повеќе отколку што направија досега“, рече Бајден, пренесе Ројтерс.
Кинеската војска минатата недела почна со вежби во Тајванскиот теснец, по посетата на Ненси Пелоси на Тајван.