Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски вели дека како медицински лица очекувале пандемијата да трае пократко со еден или два бранови, пред сѐ поради вакцините.
-Вирусот наоѓа нови начини да се промени и да го избегне стекнатото. Тој брзо се менува во мера за да го прескокне иминутетот. Факт е дека и човештвото си остварува ефикасни механизми за спречување на тешка болест и мислам дека на крај ќе победи човештвото, потенцира Петличковски во емисијата „Жешко политичко лето“.
Тој не препорачува граѓаните намерно да се заразат со коронавирусот.
-Ако зборуваме дека е непревидлив, не знаеме кај кој човек и кога може да се случи тешка форма на болеста. Ризикот е преголем. Во ниту една варијанта не можеме да препорачаме такво нешто. Ризикуваме и пост-ковид компликации. И кај омикрон, се сретнуваат пост-ковид компликации, изјави д-р Петличковски.