МВР: 178 санкционирани возачи во Скопје, 29 за брзо возење

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, седум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачаа од МВР.

Слични содржини