УКРАИНА ГО ЗАПРЕ ТРАНЗИТОТ НА РУСКА НАФТА КОН ЗЕМЈИ НА ЕУ! На удар Унгарија, Чешка и Словачка

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Украинската државна нафтена компанија „Укртранснафта“ престана да испумпува руска нафта преку јужниот крак на гасоводот „Дружба“ кон ЕУ, објави во понеделникот РИА Новости, повикувајќи се на руски „Транснефт“.

„Транснефт потврди дека компанијата „Укртранснафта“ на 4 август го прекина испумпувањето на руска нафта преку јужниот крак на гасоводот Дружба кон Унгарија, Чешка и Словачка, бидејќи руската страна не може да плати за транзитот поради санкциите на ЕУ, пренесе РИА Новости.

Претходно, изворот на РИА Новости објави за прекин на транспортот на руската нафта низ Украина.

„Укртранснафта“ на 4 август во 6 часот и 10 минути целосно престана да пумпа нафта за Унгарија, Чешка и Словачка по јужниот крак на „Дружба“. Истовремено продолжува транзитот преку Белорусија во правец на Полска и Германија.

Слични содржини