Украинската безбедносна служба уапси две лица кои наводно планирале да го убијат министерот за одбрана Олексеј Резников и шефот на воената разузнавачка агенција.
Двајца од уапсените се осомничени дека се на платен список на руската воена разузнавачка агенција ГРУ, пишува „Гардијан“.
Во соопштението објавено во понеделникот, СБУ соопшти дека открила руски заговор, кој требаше да заврши со убиството на двајцата споменати владини функционери, како и на истакнат украински активист.
Западниот печат не може самостојно да ги потврди овие наводи, а ниту Кремљ ниту руските државни медиуми се уште не реагираат.
На осомничените, жител на источниот регион Луганск, кој го држат сепаратистите поддржани од Русија, и човек од Киев, руските агенти наводно им ветиле 150.000 долари за да ја убијат секоја нивна цел, соопшти СБУ.
СБУ затримала кілерів спецслужб рф, які планували вбивства міністра оборони та керівника ГУР МО України
➡️ https://t.co/e92wBs4vKV pic.twitter.com/sQwIlWRmDh
— СБ України (@ServiceSsu) August 8, 2022
Маж од регионот Луганск влегол во Украина од Белорусија и бил приведен во градот Ковел во северозападна Украина, заедно со уште еден осомничен, се наведува во соопштението.
Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, нивото на безбедност на највисоките функционери е исклучително високо. Владиниот кварт во Киев е опкружен со контролни пунктови управувани од вооружени чувари, а вреќи со песок се натрупани на прозорците и пред сите влезови на државните институции.
СБУ беше во центарот на вниманието во последниве недели, откако претседателот Зеленски ги отпушти шефот и главниот обвинител, наведувајќи десетици откриени случаи во кои службениците на агенцијата за соработка изнеле информации на Русија.