172
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за нерегистрирани возила, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…