199
Авиокомпанијата Луфтханза нема да го користи рускиот воздушен простор поради случувањата во Украина до 25 март следната година, објави германската авиокомпанија.
„Сите летови на „Луфтханза“ до и од Русија мора да бидат откажани во периодот до 25 март следната година“, беше наведено на веб-страницата на компанијата, пренесe Танјуг.
Германската авиокомпанија најави дека внимателно ја следи ситуацијата и за се ќе даде дополнителни информации во координација со државните и меѓународните власти.
Луфтханза нема да лета ниту за Украина.
„Воздушниот простор над Украина во моментов е затворен и таму нема прелети. Во зависност од развојот на ситуацијата, последователно ќе ја разгледаме одлуката за идните летови“, додаваат од компанијата.