Шаќири: Како концепција имаме помалку предмети, но повеќе часови и активности за учениците

од Nikola Popovski
239 прегледи

Свидетелствата не се проблем за МОН. Повикот за печатење се развива во Бирото за развој во образованието. Известен сум дека веднаш после информацијата дека децата немаат свидетелства, побарав тие деца кои се запишуваат во средното образование, да се обезбедат свидетелства за сите нив. Мислам дека во моментов има доставување свидетелства за тие години во училиштата каде што се потребни. Како проблем, Бирото за развој после постапка на жалба, го решава, вели министерот за образование, Јетон Шаќири.

Министерот информира дека во тек е проектирање на сите училишта за инфраструктурата и дигитализација на објектите.

-Забелешките дека иако имаме таблет уреди во училниците, многу училишта не се поврзани. Во однос на наставната програма, во новата учебна година, тоа што беше почнато во 4-то одделение, се продолжува и во 5-то одделение. Како концепција, имаме помалку предмети, но повеќе часови и активности, што децата можат сами да изберат во делот што ги интересира, во делот на изборните предмети. Во делот на реализиција на програмите, имам побарано забелешки и сум отворен за секоја постапка, известува Шаќири.

Околу учебници за учениците, министерот е за печатени учебници, но сака да почне и дигитализацијата.

-Се формираат телата за спроведување на сите постапки и се е во тек. Ќе има учебници од 1-ви септември за учениците од 3,6,7,8 и 9-то одделение за сите потреби. Тие мислам навремено ќе бидат доставени. За новата концепција сме во фаза на одобрување, но имаме уште 20 дена. Очекувам се да биде завршено до почетокот на новата учебна година. Ние заедно со Бирото подготвивме материјал за три месеци. Освен што ќе имаат печатени учебници, ќе имаме и печатени материјали, кои ќе се дел од учебници за првото тримесечје од новата учебна година, вели Шаќири во интервју за вестите на Тв Сител.

Слични содржини