Зеленски: Ќе одговориме на руското гранатирање на Марганец

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленскиј синоќа изјави дека Киев ќе одговори на руското гранатирање на градот Марганец и дека ќе ги разгледа сите начини да ѝ нанесе што е можно поголема штета на Русија и да ја прекине војната што е можно поскоро.

Според тврдењата на украинската страна, 13 лица загинале, а 10 се ранети вчера кога руските сили истрелале ракети кон Марганец од територијата на нуклеарната централа во областа Днепропетровск, која претходно ја освоиле, пренесува „Танјуг“.

„Вооружените сили на Украина, нашите разузнавачки и безбедносни агенции, нема да го остават без одговор денешното руско гранатирање на регионот Днепропетровск“, рече Зеленски во своето редовно вечерно обраќање, пренесе „Ројтерс“.

Тој повтори дека е неопходно Западот да ѝ достави на Украина помоќно оружје за да се спротивстави на руските сили.

Слични содржини