Објавени СНИМКИ: Голем број руски авиони уништени во експлозијата на Крим

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Според сателитски снимки, најмалку осум воени авиони биле уништени во експлозијата што се случи во вторникот во руската воздушна база. Станува збор за воздухопловна база на Крим.

Причината за експлозијата се уште не е позната. Според официјалната верзија на руското Министерство, експлозијата се случила поради детонација на муниција, но не открија како дошло до детонацијата, пишува Си-Ен-Ен.

Украина не презеде одговорност за можниот напад на базата Саки на Крим, каде загина најмалку едно лице.

Според сателитските снимки објавени од американската Planet Lab, може да се види огромна штета од експлозијата. Самата писта, се чини, не е оштетена. Но, како што додава Би-Би-Си, најмалку осум авиони се оштетени или уништени.

Сликите пред и потоа од Planet Lab се првата независна потврда дека базата можеби е оштетена. Досега имаше малку детали за степенот на ударот на експлозиите. Но, сè уште не е јасно како и од што е оштетена базата.

Русија инсистира дека експлозиите биле предизвикани од муниција што експлодирала во складиште поради прекршување на безбедноста од пожари. Украина не ја презеде одговорноста – а нејзиниот министер за одбрана сугерираше дека невнимателните руски војници може да бидат виновни.

„Мислам дека руските воени момци во оваа воздухопловна база го прекршија нивното многу едноставно добро познато правило: Не пушете на опасни места“, рече Олексеј Резников. „Тоа е тоа“.

Украинското воено воздухопловство објави дека се уништени десетина руски воени авиони, иако Русија демантираше дека било кој авион е оштетен. Овие нови слики сугерираат дека тоа не е точно.

Слични содржини