Радикализација од септември доколку не се покачат платите, порача Димовски

од Nikola Popovski
274 прегледи

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, (ССМ) Дарко Димовски денеска порача дека многу работници преку иницијативата „Отворен Балкан“ ги спремиле куферите за да си заминат од земјава.

-Мораме да се побуниме и да побараме она што ни следува законски. Треба да се усогласат сите останати плати според минималната. Законското решение е пропишано. Затоа ние од септември ќе се радикализираме доколку не се случи ова зголемување и ќе ги повикаме сите работници. Моментално штрајкот се води во јавниот сектор и е активен. Ние оставаме шанса до септември за да ги усогласиме платите, вели Димовски.

Според него, ССМ повеќе не бара зголемување од 2806 денари за сите како солидарно решение.

-Покачувањето сега мора да биде 18,4%. Гледаме лебот се покачи, цените се високи… Како ќе преживееме ние? Ќе чекаме Владата да направи нова методологија? Ние ќе се радикализираме, а граѓаните, пензионерите, младината нека го сфати ова сериозно, изјави Димовски во вестите на Тв Сител.

Слични содржини