182
Пекинг ги повика Русија и Украина да седнат на преговарачка маса со оглед на ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје, изјави постојаниот претставник на Кина во ОН, Џанг Јун.
„Таму дефинитивно има кризна ситуација и навистина ни треба инволвираните страни да седнат заедно на преговарачка маса и да најдат решение“, рече тој по повод седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје.
Обединетите нации се загрижени поради продолжувањето на воената акција во близина на нуклеарната централа Запорожје и се надеваат дека нуклеарната станица и територијата околу неа ќе бидат демилитаризирани, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дижарик.