Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денеска изјави дека во Украина пристигнала нова пратка оружје од Велика Британија.
„Повеќе повеќецевни ракетни фрлачи М270 пристигнаа во Украина“, рече тој.
Резников се огласи на Твитер за да се заблагодари на британскиот секретар за одбрана Бен Валас и британските граѓани за донацијата која беше ветена претходно.