Османи разговараше со Милков: Да продолжи продлабочената македонско-бугарска соработка

од Nikola Popovski
158 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи информираше дека попладнево имал разговор со новиот министер за надворешни работи на Република Бугарија, Николај Милков. Османи му честитал за новата функција и изразил подготвеност за континуитет во рамките на продлабочената македонско-бугарска соработка.

-Почетокот на преговорите со ЕУ и европската перспектива за земјава претставуваат взаемен интерес не само на двете земји, туку и на целиот регион, и на самата Унија, било истакнато во разговорот.

Пред неколку дена Милков соопшти дека непосредна задача на бугарското Министерство за надворешни работи во однос на билатералниот дијалог со Северна Македонија ќе биде усвојување на писмен документ, што ќе ги дефинира задачите на институциите во Бугарија со конкретно утврдени обврски.

-Треба да можеме да го консолидираме напредокот што беше постигнат во билатералните односи со Република Северна Македонија. Претстои многу конкретна работа, изјави Милков.

Слични содржини